Ракомет, СЕХА Лига

Металург ми е суден

04.11.2014 14:01

Стратегот на Загреб се соочува со проблеми поради повредени ракометари пред дербито во СЕХА.

„Само што си отидов од Македонија каде што против Металург играв 6-7 пати во сезона, сега по доаѓањето во Загреб повторно малку-малку па Металург. За разлика од тешкиот натпревар во лигата на шампионите утре очекувам полесно да стигнеме до победата“- изјави на прес конференцијата пред натпреварот од СЕХА лигата меѓу екипите на ППД Загреб и Металург, тренерот на загрепчани Веселин Вујовиќ.

Стратегот на Загреб се соочува со проблеми поради повредени ракометари пред дербито во СЕХА. Не може да смета на Мандалиниќ,Ивиќ,Обрановиќ и на капитенот Хорват , но како што вели се додека го има Ловро Шпрем во добра форма не стравува, зошто останало само да го испроба уште на голманската позиција.На шегата на тренерот се надоврза и Шпрем кој истакнал дека ако треба ќе игра и на среден и дека со помошта на публиката Загреб е секогаш фаворит во својата сала.

Натпреварот Загреб-Металург ќе биде одигран утре во Арена од 17 часот, а како што беше практика и претходно влезот е слободен.