Пет жртви во напад врз верски настан на муслимански шиити во Саудиска Арабија

04.11.2014 14:11

За време на церемонијата непознати лица отвориле оган...

Пет луѓе загинаа, а девет се повредени во напад врз верски настан на муслимански шиити во Саудиска Арабија.

За време на церемонијата непознати лица отвориле оган, потврди портпаролот на саудиската полиција.

Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на Кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот Ислам.