ИДИЛ измачувала курдски деца во Кобане
04.11.2014 14:14
150-те киднапирани ученици по враќањето од школо во Алепо беа ослободувани во групи...

Исламска држава измачувала и злоставувала курдски деца заробени во Кобане, соопшти Хјуман рајтс воч.
Организацијата врз основа на интервјуа со децата дознава дека биле тепани со црева и електрични кабли. 150-те киднапирани ученици по враќањето од школо во Алепо беа ослободувани во групи.
Вчера џихадистите ослободија 93 Курди кои беа заробени по обидот да ја преминат од Сририја во соседен Ирак.Екстремистите се уште држат 70 Курди.
