Опозицијата не се враќа во Собранието, од утре почнува со трибини

04.11.2014 15:15

Ќе бидат посетени 16 градови, прв на распоредот е Битола...

Наденешната средба меѓу лидерите на НСДП, ЛДП и СДСМ, е потврдено, нема враќање во Собранието.

Разговарано е за стратегијата на опозицијата. Од утре почнуваат со трибини низ земјава.

Ќе бидат посетени 16 градови, прв на распоредот е Битола. Опозицијата ќе дебатира со граѓаните за актуелната политика.