Во Љубљана за хет – трик
Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе и гостуваат на Унион Олимпија во 14-тото коло од Јадранската лига, прво од вториот дел од сезоната. Во „Стожице“ македонскиот првак ќе се обиде да ја оствари третата победа по ред во АБА друштвото, со оглед дека во претходните два натпревара триумфираше над Црвана Звезда дома и против Раднички во Крагуевац.

На првиот меѓусебен натпревар сезонава нашиот тим победи со 79-60, а лани се радуваа екипите што играа на гостински паркет. МЗТ беше поуспешен во Словенија со 64-60, а во Скопје на семафорот на крајот пишуваше 76-87. Покрај добрата форма, основа за оптимизам дава и мотивираноста кај кошаркарите од Аеродром поради пресметката со поранешниот стратег на МЗТ и екс македонски селектор Алеш Пипан.
Преносот од мечот Унион Олимпија – МЗТ Скопје е на Собранискиот сервис на МРТ, денеска од 19 часот.
***
Јадранска лига, 14.коло, денеска:
У.Олимпија – МЗТ Скопје А.
Црвена Звезда – Широки
Солнок – Задар
Будуќност - Крка