Со директна видео концекција до побрз пласман и зголемен извоз
Видео средбите ќе се организираат на секои три месеци. Бизнис заедницата очекува драстично да скрати од времето и парите што ги користеле за патни трошоци за промоција...

Извозот ќе се зголемува со директна видео конекција мегу бизнисот и економските промотори. Експортно ориентираните компании ќе заштедат од трошоци за промоција на своето портфолио. Он лајн ќе ги презентираат производите. 8 – мината промоторите од прва рака ќе добиваат информации, ќе бидат должни услугите за деловна соработка да ги понудат на странските менаџери. Проектот го стартуваа пет производствени капацитети.
„Петте компании ќе ги презентираат можностите за извоз на своите производи, а нашите промотори ќе поствуваат прашања со цел да подготват подобро и понатаму информации што ќе ги добијат на оваа видео средба, да ги искориста за промовирање на овие компании и за евентуално пласирање на нашите производи“, изјави вицепремиерот за економски прашања , Владимир Пешевски.
Видео средбите ќе се организираат на секои три месеци. Бизнис заедницата очекува драстично да скрати од времето и парите што ги користеле за патни трошоци за промоција.
„Користа на нашите компании е во тоа што повратната информација што ќе ја добијат од економските промотори ќе им заштеди прво пари, а потоа и време во делот на истражување на пазарот во одредени земји каде што не постои нивно присуство и пазари коишто им се непознати во овој момент“, вели Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Канада, Индија Индонезеија, Бахраин – трети пазари кон кои се ориентира бизнисот од Македонија а сеуште нема недоволни информирани и бизнис контакти. Очекува - економските промотори да ги отворат вратите, да го прошират бизнисот пред се на арапските и блиско источните територии.
Сузана Фиданска Стоевска
