Ноќ на Харден и Пол

04.11.2014 16:44

Хјустон победи во Филаделфија со 104:93, во меч во кој што Џејмс Харден блескаше со 35 поени, 9 скокови и 5 асистенции...

Хјустон победи во Филаделфија со 104:93, во меч во кој што Џејмс Харден блескаше со 35 поени, 9 скокови и 5 асистенции. Мемфис дома го совлада Њу Орлеанс со 93:81, зад 16-те посни со 11 скокови на Гасол и 15-те поени и 11-те скокови на Рендолф. Со тоа, Рокетс и Гризлис останаа непоразени, по 4 средби во НБА лигата.

Бруклин ја декласира ослабената екипа на Оклахома, без Вестбрук и Дјурант, со убедливи 111:85. Крис Пол ги предводеше Клиперс до победа против Јута со 107:101, со првиот трипл-дабл во лигата сезонава – 13 поени, 10 скокови и 12 асистенции.

Во синоќешната богата кошаркарска понуда преку Океанот, се одиграа уште две средби. Далас победи против Бостон (118:113), Денвер загуби од Сакраменто (105:110).