Странски инвестиции

Индустриската зона „Жабени“ примамлива за кинеските инвеститори

04.11.2014 19:28

Индустриската зона „Жабени“ и останатите ресурси со кој располага пелагонискиот регион стануваат примамливи за кинеските инвеститори. Потпишаниот меморандум за соработка помеѓу градоначалникот Владимир Талевски и директорот на канцаларијата за надворешни работи на седум милионскиот град Нингбо Конг Веивеи потвдува дека Кинезите добро се запознаети со поволностите за инвестирање и веќе ги имаат лоцирано потенцијалите на регионот.

Битола ја отвара вратата за кинеските инвеститори. Градоначалникот Талески и директорот на канцаларијата за надворешни работи на Нингбо ги ставија потписите на првиот договор со кој се отпочнува соработката со овој седум милионски кинески град. Нингбо го сметаат за портата на Кина, затоа што го има петтото по големина пристаниште во светот. За нас најважно е зајакнувањето на економската соработка. Имаме многу силни мали и средни претпријатија кои сакаат да инвестираат во странство затоа што нашите потреби како пазар се огромни рече кинескиот гостин.

„Ние сме најголемиот пазар во светот кој брои 1,3 милјарди луѓе имаме големи можности за соработка во однос на земјоделските производи како и отворање на фабрики од нејразлични дејности“, рече директорот на канцаларијата за надворешни работи на Нингбо Конг Вевеи.

Ние сме запознаети за условите што се нудат за инвестирање и потенцијалите што ги нуди вашиот регион. За тоа зборува и инвестицијата на германската компанија ,,Кронберг и Шуберт“ , токму поради тоа од градоначалникот побарав во текот на денот да ја посетиме индустриската зона „Жабени“ потенцираше кинескиот гостин.

„Тие сакаат со свој очи да видат дека германците навистина имаат изградено фабрика во зоната, да видат дали навистина тука веќе работааат 2200 нововработени луѓе и од блиску да се запознаат со парцелите и инфраструктурата во зоната“, рече градоначалникот Владимир Талевски.

Иако најваќно е продлабочувањето на економските релации потпишаниот меморадум ги отвара моќностите и осознавање на различните култури.

Имено она што за Америка во филмската продукција е Холивуд, Нингбо е за Кина. А кога е во прашање оваа дејност Битола има навистина што да понуди.

Стевче Митревски