Изборите за Конгресот се тест за Обама
Главна борба ќе се води за местата во Сенатот, каде што Демократите можат да го загубат мнозинството. Конгресот повторно ќе биде во рацете на Републиканците...

Денеска во Соединетите Американски Држави се одржуваат избори за Конгресот, Сенатот и за управа во 46 сојузни држави. Според Националното Биро за Статистика, околу 206 милиони од вкупно 316 милиони државјани имаат право на глас, но на овие избори се регистрирале за гласање нешто над 146 милиони Американци.
Главна борба ќе се води за местата во Сенатот, каде што Демократите можат да го загубат мнозинството. Конгресот повторно ќе биде во рацете на Републиканците.
Од борбата за Гувернерските места, Републиканците можат да изгубат неколку места за гувернери во сојузните држави. Изборите 2014 се своевиден референдум за мандатот на Претседателот Барак Обама. Последните анкети велат дека мнозинството Американци се многу лути и веруваат дека Америка оди во погрешен правец.
Ирина Гелевска
