Нови амбасадори во Србија и Ватикан
Македонија доби нови амбасадори во Србија и во Ватикан. Вера Јовановска Типко ќе ја претставува земјава во Белград. Иако нема дипломатско искуство, рече дека е убедена оти може да ги усоврши добрососедските односи.
Пратениците од мнозинството ја поддржаа новата амбасадорка, опозиционерите ја обвинија за елементарни непознавања што ги забележале во нејзиното едночасовно излагање.
За разлика од Јовановска, новиот амбасадор во Ватикан е со богато дипломатско искуство. Земјава во светата столица ќе ја претставува професорот Звонимир Јанкуловски.

На опозицијата и Јанкуловски не и е по ќеиф. Иако немаа толку забелешки како за амбасадорката во Белград, сепак, сметаат дека претходниот амбасадор Ѓоко Ѓоргиевски одлично ја извршувал задачата. ВМРО-ДПМНЕ со конкретни барања до новиот амбасадор.
Иако призна дека е сизифовски тешко, Јанкуловски вети дека ќе ја обнови поканата до Папата за да ја посети земјава и тоа конечно да се случи за време на неговиот мандат.
Катерина Топалова