Криза во Металург
Причините се во незадоволството кај ракометарите од неисполнетите обврски на клубот, односно неисплатените плати од почетокот на сезоната...

Рaкометарите на македонскиот шампион Металург денеска изутрина не отпатуваа на дерби натпреварот од СЕХА лигата против Загреб. Причините се во незадоволството кај ракометарите од неисполнетите обврски на клубот, односно неисплатените плати од почетокот на сезоната. Иако се очекуваше состојбата да биде надмината по вчерашниот состанок од управата бил побаран нов рок за подмирување на обврските со што не се согласиле ракометарите на Металург. По одбивањето да се тренира состојбата кулминира изутрината откако никој не се појавил на закажаниот лет за Загреб.
Од Загреб дефинитивно е потврдено откажувањето на мечот пшоради недоаѓање на гостинската екипа, а според пропозициите на СЕХА, Металург службено ќе го загуби натпреварот.
До следниот натпревар на Металург против Нексе на домашен терен има уште 4 дена, па останува отворено прашањето дали дотогаш ќе биде надмината актуелната ситуација.
