Кошарка НБА
Мечот на вечерта за Портланд, Хјустон останува 100%
05.11.2014 10:51
Треилблејзерс славеа против Кавалирс, 101:82, задржувајќи го Леброн Џејмс на само 11 поени. Лилард имаше свој ден...

Портланд се ревитализира по двата последователни пораза, во дуел со аспирантот за високи дострели сезонава. Треилблејзерс славеа против Кавалирс, 101:82, задржувајќи го Леброн Џејмс на само 11 поени. Лилард имаше свој ден со 27 поени, 6 скокови, 7 асистенции и 1 блокада за победничката екипа, а Кевин Лав беше најдобриот поединец кај Кливленд, со 22 поена, 10 скокови и 2 асистенции.
Џејмс Харден остана на еден скок до трипл-дабл, со 25 поени, 9 прифатени топки и 10 асистенции, зачинети со 1 украдена топка и две блокади. Двајт Хауард постигна 26 поени со 10 скокови. Тревор Ариза постигна 19 поени. Патрик Беверли уфрли 15. Хјустон славеше против Мајами, со 108:91, за 5 триумф во исто толку натпревари, 4 гостински, сите добиени со двоцифрена маргина. Во редовите на Хит, Крис Бош ја презема лидерската палка со 21 пшоен, 2 помалку имаше Вејд.
Уште еден пораз и уште една повреда за Оклахома, екипа што подолго време ќе биде без повредените лидери, Дјурант и Вестбрук. Крилото Пери Џонс е следното име на списокот отсатни за следните мечеви. Торонто го искористи моментот и победи со 100:88. Ибака ги предводеше поразените со 25 поени и со 11 скокови, Патерсон имаше 14 со 8 на спротивната страна.
На другите НБА средби:
ЛА Лејкерс – Феникс 106:112 (Брајант 39 поени, 9 скокови)
Њујорк – Вашингтон 83:98
Индијана – Милвоки 81:87
Чикаго – Орландо 98:90
Њу Орлеанс – Шарлот 100:91
