Ракомет
Коциќ го напушта Металург
05.11.2014 10:52
Причината е истата поради која екипата денеска не отпатува на мечот со Загреб од Сеха лигата...

Репрезентативниот голман на Србија Мирослав Коциќ кој блескаше на голот на својата репрезентација во евроквалификациските натпревари побара раскинување на договорот со македонскиот шампион Металург.
Причината е истата поради која екипата денеска не отпатува на мечот со Загреб од Сеха лигата, односно неисплатените плати од почетокот на сезоната.
Коциќ во Металург пристигна на почетокот на оваа сезона и по само 3 месеци е на пат да го напушти клубот, откако пшретходно тоа го стори и вториот интернационалец на голот на Металург, Дарко Станиќ.
