Можностите за инвестирање во Македонија претставени во економски моќниот Чикаго
Чикаго и околината на американската држава Илиноис се средини каде има најголема концентрација на глобални „Форчн 500“ најголеми компании во светот и она што е важно што на овој форум присуствуваа претставници од овој вид на фирми...

Владиното роуд – шоу на чело со премиерот Никола Груевски се пресели во економски моќниот Чикаго, градот во кој се наоѓаат најсилните американски компании.
Пред бизнисмени од различни профили, претставени можностите за инвестирање во Македонија, поволната бизнис – клима, атрактивниот даночен пакет, макроекономската стабилност.
„Во првата половина од годинава, растот на БДП во Македонија изнесува 4,1%. Ова мислам дека е највисок постигнат раст во Европа за првите шест месеци од годинава. Лани имавме трет најголем раст во Европа, додека според вчерашната проекција на Европската комисија, годинава Македонија ќе ја заврши со втор највисок раст во Европ“, истакна премиерот Груевски пред бизнисмените во Чикаго.
Компанијата „Гленмон глобал солушн“ размислува да отвори свое претставништво во Македонија и да вработи неколку инжинери. Ова на бизнис форумот во Чикаго каде владината делегација ги презентира можностите за инвестирање во Македонија го потвридиле преставници од компанијата.
„Даночната политика е многу важна. Кај вас даноците се многу ниски, што укажува на тоа дека Владата го поддржува бизнисот, а тоа е важно за секоја компанија која сака да инвестира преку Атлантикот. Македонската влада води ваква политика уште од 2006-тата година и тоа е многу важно за бизнисот“, посочи Дејвид Јанќосек, сопственик на компанијата „Гленмон глобал солушн“.
Чикаго и околината на американската држава Илиноис се средини каде има најголема концентрација на глобални „Форчн 500“ најголеми компании во светот и она што е важно што на овој форум присуствуваа претставници од овој вид на фирми.
„Многу беше важно на кој начин реагираа присутните на коментарите од веќе постоечките компании, пред се тука сакам да го истакнам „Кемет Електроникс“, но и искуството на оние луѓе кои се веќе присутни во Македонија, на кој начин тие го започнали својот бизнис, и колку брзо и ефективно успеале тоа да го направат дури и над своите очекувања“, истакна директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
