Струмица: Секое петто дете има проблем со дебелината
Струмичката медицинска аналитика бележи рапиден раст на дебелеењето, особено кај најмладата популација. Слабата физичка активност, намаленото користење на здрава храна и многу други навики се причини за тоа...

Секое петто дете во Струмица има проблем со дебелината. Педијатрите од регионот велат дека статистички околу 20 проценти од најмладите имаат вишок тежина. Неправилната исхрана, но и брзиот и стресен начин на живот создава услови за дебелеење кај лицата од најмала возраст.
„Зголеменото користење на мобилни, компјутери, видео игри, оневозможува децата нормлано да спортуваат и ги принудува да се помалку фиузички активни“, вели спец. д-р Елица Станишлиевиќ, педијатар.
Последиците од дебелината се јавуваат во подоцнежната возраст, апелираат педијатрите. Затоа е битно, родителите да внимаваат на дневното мени и внесот на храна кај нивните најмлади.
„Таложењето на масни наслаги почнува од најлмала возраст, може да се одрази врз потешкотии во дишењето, на кожата“, вели д-р Станишлиевиќ.
За разлика од најмладите, повозрасните струмичани велат дека внесуваат доволно здрава храна. Богатото струмичко поле дава доволно овошје и зеленчук за правилна исхрана, децидни се граѓаните.
„Не само за нас што проиузводуваме чиста храна, туку и за луѓето... Мојот доручек почнува со јаболко наутро...Јадеме витамини, домати, краставици...Млеко наутро задолжително“, велат анкетираните граѓани.
Експертите посочуваат дека освен дневното мени, многу е важно да се отстранат лошите навики како јадење грицки меѓу оброците, а да се носат децата повеќе на прошетка и свеж воздух.
Катерина Давчева
