Се самозапали уште еден човек во Бугарија

05.11.2014 11:45

За една година во Бугарија починаа 8 лица откако се самозапалија...

Маж се самозапали во дворот на една црква во Сандански, југозападна Бугарија, само ден откако тоа го стори невработена жена. Мажот кој се запалил имал 48 години, бил многу сиромашен и преживувал од милосрдието на црквата. Тој веднаш бил префрлен во болница. 

Во критична сосотојба е и фотографката Лидија Петрова која завчера се самозапали пред зградата на бугарскиот претседател.

За една година во Бугарија починаа 8 лица откако се самозапалија. 

Според податоците на Еуростат, сиромаштијата и општествената исклученост се закана за 48 проценти од Бугарите. Просечната плата е 400 евра, а просечната пензија 100 евра.