Кукан: Поткопан кредибилитетот на ЕУЛЕКС
Се разгледуваат сите прашања на кои се однесуваат обвиненијата поврзани со корупција во рамките на ЕУЛЕКС ...

Шефот на делегацијата во Европскиот парламент за односи со Србија, Едуард Кукан изјави дека обвинувањата дека постојат обиди за криење на случаите, за кои е задолжена ЕУЛЕКС, го поткопале кредибилитетот на мисијата.
Се разгледуваат сите прашања на кои се однесуваат обвиненијата поврзани со корупција во рамките на ЕУЛЕКС и вкупниот учинок на мисијата треба да биде приоритет, истакна Кукан за белградскиот весник „Данас“.
Тој додаде дека истрагата ќе биде спроведена „без одлагање и на транспарентен начин“.
Неприфатливо е такви сериозни обвиненија да не бидат процесуирани. И покрај таквите обвинувања верувам дека персоналот на мисијата е посветен на својата работа и целите кои се однесуваат нба унапредување на владеење на правото во Косово, посочи Кукан.
