Тепачка во автобус на ЈСП, четворица повредени
05.11.2014 12:17
Во Полициската станица Карпош приведени се девет лица...

Две групи лица на возраст меѓу 15 и 20 години вчера во 14 и 20 часот се степале во автобус на ЈСП број 64-а на автобуската постојка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Во тепачката со телесни повреди се здобиле четири лица.
Во Полициската станица Карпош приведени се девет лица и по целосно документарање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Автобусот 64-а сообраќал на релација Транзитен центар Скопје - село Никиштани.
