Фудбал

Лига на шампиони

05.11.2014 12:22

Има ли шанси за Римјаните да преживеат! Манчестер Сити е во потрага по првата победа во мечот со ЦСКА од Москва и зголемување на изгледите за 1/8 финалето.Реално ли е Ајакс во Амстердам арената против моќната Барселона да ја бара првата радост...

Тоа беше фудбалска вечер во која се се одвиваше според очекувањата.Освен неверојатниот исклучок во Лондон. Имено, Реал Мадрид брзо го даде победничкиот гол против Ливерпул, а  Борусија Дортмунд против Галатасарај со 4:1 го завери патот во нокаут фазата! Јувентус со пресврт, од 1:2 стигна до злато вредните 3:2 против Олимпијакос. Бенфика со погодокот во завршната фаза од мечот ја надмина тешката бариера против Монако, а разиграниот Базел со четири погодоци се истури врз Лудогорец.Сево ова беше очекувано сценарио, освен резултатското „лудило“ што настана  на Емирати во Лондон. Еден час „Топчиите“ пукаа и ја погодуваа мрежата на Андерлехт. Но, веќе прежалените Белгијци ненадејно се вратија од резултатската кома. Од 0:3 во 61-та минута стигнаа до 3:3. Неверојатно за еден англискиот гигант! „Возбуден сум и разочаран“-изјави тренерот на Арсенал, Арсен Венгер. „Од првата до последната минута нашата игра во одбраната беше лоша, но поради резултатот се чувствувавме удобно и на крај бевме казнети“-заклучува Венгер.

Втората натпреварувачка вечер од 4-то коло е со неколку примамливи пресметки. Рома со болните 1:7 од Олимпико, ќе истрча на Алијанс Арената соочувајќи се одново со челуста на гладниот за голови Баерн. Има ли шанси за Римјаните да преживеат! Манчестер Сити е во потрага по првата победа во мечот со ЦСКА од Москва и зголемување на изгледите за 1/8 финалето.Реално ли е Ајакс во Амстердам арената против моќната Барселона да ја бара првата радост, како и Атлетик Билбао против Порто?Словенија одново е на нозе-во Марибор гостува славниот Челзи.Незаборавните 7:0 неодамна од Борисов се огромната психолошка предност на Шахтјор во новата пресметка со Бате Борисов. Со победа, Украинците со голема сигурност ќе можат да сметаат искачување скала погоре во Лигата на шампионите.Ќе се одвива и вечерва се во реалните резултатски рамки, или пак ќе се изнајдат „јунаци“, кои ќе им го загорчат комодитетот на „големите“?

Лига на шампиони:4 коло

Е група:

Баерн Минхен-Рома 20.45-пренос МТВ

Манчестер Сити-ЦСКА

Табела:

1.Баерн Минхен 9

2.Рома                 4

3.М.Сити            2

4.ЦСКА              1

Ф група:

Ајакс-Барселона

ПСЖ-Апоел

Табела:

1.ПСЖ      7

2.Барселона   6

3.Ајакс           2

4.Апоел          1

Г група:

Марибор-Челзи

Спортинг-Шалке

Табела:

1.Челзи     7

2.Шалке    5

3.Марибор   2

4.Спортинг   1

Х група:

Атлетик Билбао-Порто

Шахтјор-Бате Борисов

Табела:

1.Порто    7

2.Шахтјор 5

3.Бате Борисов 3

4.Атлетик Билбао 1