ЈП Водовод ќе ги ажурира податоците на корисниците

05.11.2014 13:00

Акцијата е предвидено да се одвива истовремено во сите општини, во претпладневните и попладневните часови, со предвидена динамика...

Се ажурираат податоците во регистарот на корисници на услугите на Водовод. Ќе се елиминираат  неточните информации. Во следните три месеци инкасаторите од врата на врата, ќе ги контактираат граѓаните директно во домовите.

Акцијата е предвидено да се одвива истовремено во сите општини, во претпладневните и попладневните часови, со предвидена динамика. Реализацијата на акцијата се одвива на тој начин што на корисниците ќе им биде доставен Договор за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води кој треба да биде потпишан од страна на сопственикот на објектот (станот или куќа) при што истиот е должен да поднесе на увид Лична карта, Документ за сопственост односно Имотен лист, Купопродажен Договор или пак Наследно Решение.  

Целта на акцијата е во насока на надминување на проблемите со починати корисници или пак со корисници кои во меѓувреме го продале својот стан или куќа или пак го подариле на друго лице и нивно евидентирање во системот.