Бугарија ќе формира Влада?
Конкретни имиња, освен премиерското се уште не се спомнуваат. Софиските медиуми пишуваат дека вицепремиерските места ќе им припаднат на Румјана Бочварова од ГЕРБ и Радан Кунев од Реформаторскиот блок...

„Бугарија е на чекор од спасот“, на повидок е договор за формирање нова коалициска Влада предводена од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов.
Новиот кабинет би требало да стартува со работа на 10-ти ноември. ГЕРБ и коалицијата Реформаторски блок постигнаа начелен договор партијата на Борисов да има 11 министри, реформаторите шест министри и еден ресор ќе добие партијата Алтернатива за бугарска преродба.
Новата влада ќе има 3-ца вицепремиери. И покрај договореното лидерите на партиите ќе се состанат уште еднаш.
„Ова е најстабилната варијанта за консолидирање на мнозинство од 43-тото народно собрание“, смета Радан Кунев –Копретседателна Реформаторски блок.
Конкретни имиња, освен премиерското се уште не се спомнуваат. Софиските медиуми пишуваат дека вицепремиерските места ќе им припаднат на Румјана Бочварова од ГЕРБ и Радан Кунев од Реформаторскиот блок.
Лидерот на Алтернатива за Бугарска Преродба која ја фомираа група поранешни истакнати членови на досега владејачката Бугарска социјалистичка партија потврди дека добиле понуда за учество во новиот владин состав.
„Ќе ги разгледаме варјантите за наше учество во владата, доколку ГЕРБ и Реформаторскиот блок ги прифатат нашите предлози“, вели лидерот на АБВ, Ивајло Калфин.
Според Калфин, доколку за ГЕРБ и РБ не се прифатливи предлозите на АБВ, тогаш тие ќе мора да бараат друг потенцијален коалициски партнер. Најверојатно би била партијата на бугарските Турци, која е дел од актуелната Влада предводена од социјалистите.
По завршувањето на преговорите меѓу ГЕРБ и Реформатскиот Блок, Борисов изјави дека ја донел најтешката одлука во неговиот живот.
„Сите направивме огромни компромиси сами со себе, но со јасно сознание дека сме должни да го направиме тоа со цел Бугарија да излезе од кризата“, објави Борисов на својот Фејсбук профил.
Маријана Димовска
