Надворешна контрола на лабораториите

28.12.2013 15:20

Задолжителна супервизија двапати годишно предвидува новиот Закон за здравствена заштита. Целта е да нема пропуст во резултатите за дијагноза или терапија. Ако не ги отстранат неправилностите можно е одземање на дозволата за работа.

„Во клиниката најголем број дијагнози се засновани врз резултатите на лабораториите“ изјави ресорниот министер Никола Тодоров. „Да не дозволиме погрешна терапија или дијагноза“, додаде Тодоров.

Не е само надворешната контрола предуслов за квалитетен резултат, сметаат вработените, туку треба да се земе предвид и опремата и методите на работа. Тие велат дека ако се применува овој Закон тогаш ниедна лабораторија во светот нема да постои. Тие прашуваат кои се правилата или методите според кои ќе се оцени дека лабораторијата не работи квалитетно.

Само најдобрите можат да работат во Клиничкиот Центар со просек 9 и владеење со еден светски јазик, се бара во предлог-измените на законот. Секој вработен во период од 10 години треба да издаде научно дело, да има објавен труд во меѓународно списание, или пак да биде координатор-носител во меѓународен проект.

Андријана Атанасовска