Вашингтон и Орегон гласале за легализација на марихуаната

05.11.2014 13:14

По пребројувањето на една третина од гласовите во Вашнгтон 64% од гласачите ја подржале легализацијата, а во Орегон 54%...

Американската престолнина Вашингтон и државата Орегон гласале за легализација на марихуаната, додека граѓаните на Флорида ја отфрлиле можноста за озаконување на марихуаната за медицински цели. Ова се резултатите од изјаснувањето на граѓаните на референдум кој се одржуваше истовремено со изборите за Конгресот.

По пребројувањето на една третина од гласовите во Вашнгтон 64% од гласачите ја подржале легализацијата, а во Орегон 54%. Ако оваа иницијатива дефинитивно помине во Вашингтон , тоа значи дека американската престолнина ќе го следи примерот на Колорадо каде што е допуштено возрасните над 21 година да одгледуваат марихуана за медицински потреби и рекреација,но во ограничени количества само за лична употреба. Иако на Флорида поддршката била околу 58 %, за  да помине тој уставен амандман, според законите потребни се најмалку 60%.