Откриени нови шест нелегални мигранти од Сирија
05.11.2014 13:38
Лицата се приведени во полициската станица во Неготино, а од извршен разговор еден од мигрантите изјавил дека истите оствариле илегален влез од Грција...

Синоќа околу 21:00 часот, на автопатот Гевгелија-Скопје кај клучката за Демир Капија од страна на полициски службеници е запрено товарно возило „мерцедес“ управувано од С.Б.(36) од општина Липково.
При контрола во товарниот дел се откриени шест мигранти од Сирија. Лицата се приведени во полициската станица во Неготино, а од извршен разговор еден од мигрантите изјавил дека истите оствариле илегален влез од Грција, со цел да транзитираат преку Македонија-Србија до западноевропските земји.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
