Рестрикција на струја во Косово и до 10 часови дневно
05.11.2014 13:55
Во поголемите градови, Косовското електростопанство - КЕДС го применува системот три со три...

Падот на температурата на Косово предизвика продолжување на режимот на рестрикции, поради што оддалечените села и помалите градови остануваат во мрак до десет часови дневно.
Во поголемите градови, Косовското електростопанство - КЕДС го применува системот три со три, односно потрошувачите три часа имаат струја, а три немаат.
Големото ограничување на потрошувачката е воведено неделава, пред сѐ поради дефектот на еден блок од 250 мегавати во термоелектраната Косово Б и неможноста да се увезе струја од соседните земји.
