Рама: Посетата на Србија е нов почеток за Балканот

05.11.2014 13:59

Првиот албански премиер кој по повеќе децении ќе отпатува во официјална посета на Србија, цврсто верува во нов почеток за Балканот...

Претстојната посета на Србија претставува нов почеток за целиот Балкан, порача премиерот на Албанија Еди Рама, во пресрет на неговата посета на Белград.

Првиот албански премиер кој по повеќе децении ќе отпатува во официјална посета на Србија, цврсто верува во нов почеток за Балканот, но додава дека таквиот почеток бара лидерство и обединет пристап.

„Овие времиња бараат нов и обединет пристап за една иднина која би требало да биде подобра за сите наши народи, оставајќи зад себе се она од минатото што не спречуваше да тргнеме напред, туку и предизвика многу судири и донесе многу крворполевање. Тоа треба да го оставиме зад нас и заедно да испишеме нова историја за мир и регионална соработка“, изјави Рама за агенцијата Анадолија.