Штрајк на вработените во здравството во Србија
80% од здравствените работници кои членуваат во четирите репрезентатитивни синдикати денеска штрајкуваат поради одлуката на Владата за намалување на платите за 10%...

Синикатите најавиле дека во текот на целодневниот штрајк ќе го почитуваат минимумот од процесот на работата. „Тоа значи полно работно време претпладне и попладне, згрижување на итните случаи, акутни состојби и повреди на децата, младинците и родилките и Итната помош за да не биде загрозен ничиј живот. Се друго може да почека и до утре“, изјавил претседателот на Синдикатот на лекарите и фармацевтите на Србија Драган Цветиќ.
Преговорите со Министерството за здравство за новиот Колективент договор ги почнале вчера. Во зависност од исходот Синдикатот ќе реши дали ќе штрајкуваат секоја среда во текот на ноември.
Министерот за здравство Златибор Лончар најавил дека вработените во здравството ќе бидат први на листата за корекција на платите по стабилизација на економската ситуација и укинување на мерките за штедење.
Соња Стојановска
