Александар Ѓорѓиев добитник на наградата „Петре Прличко“ за 2014-та

05.11.2014 14:30

Ѓорѓиев досега остварил голем број улоги, а повеќе години беше на чело на Велешкиот театар...

Наградата за актерско животно дело „Петре Прличко“ годинава ја доби Александар Ѓорѓиев, првиот дипломиран актер од Велес.

Ѓорѓиев досега остварил голем број улоги, а повеќе години беше на чело на Велешкиот театар.

„Името кое што го носи наградата е на мојот драг колега и близок пријател Петре Прличко со којшто поминавме многу убави денови, заедно сме играле во претстави и тој режирал претстави и морам да признам дека многу работи научив од него“, потенцира Ѓорѓиев.

Наградата „Петре Прличко“ доаѓа во годината кога Александар Ѓорѓиев заминува во пензија.