Јанакиески: ИПА средствата нема да се одземат
05.11.2014 14:57
Не може да стане збор за какво било одземање на овие средства, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија европските пари од ИПА 2 програмата ги користи за реализирање приоритетни инфраструктурни проекти на патниот Коридор 10 и железничкото поврзување кон Бугарија, како и за рехабилитација на дел од патната мрежа.
Не може да стане збор за какво било одземање на овие средства, нагласи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање дека на земјава наводно ќе и бидат стопирани ИПА фондовите доколку не се повлече од проектот „Јужен тек“, во кој патем и официјално се приклучија Австрија и Унгарија, и двете земји- членки на ЕУ.
