Ифраструктурните проекти во фокус на австриско- македонскиот бизнис форум
Средбата ја организираат двете комори, а присуствуваат претежно градежни компании специјализирани за реализирање инфраструктурни проекти во патниот и во железничкиот сообраќај...

28 македонски и 7 австриски компании се присутни на бизнис форумот посветен на инфраструктурните проекти што се реализираат во земјава поддржани од европските финансиски институции и од светската банка.
Средбата ја организираат двете комори, а присуствуваат претежно градежни компании специјализирани за реализирање инфраструктурни проекти во патниот и во железничкиот сообраќај.
Герхард Шлатл, трговско аташе во Австриската амбасада во Скопје, истакна дека акцентот на бизнис форумот и изборот на компании е на градежништвото и инфраструктурата затоа што веруваат оти тој сектор е многу важен за развојот на економијата на Македонија.
Особено во насока на претстојното финансирање преку ИПА 2 фондовите. Тоа значи дека големи средства од ЕУ ќе се влеат во РМ, а тоа е интересно за австриските фирми кои сакаат да соработуваат на ова поле, изјави Шлатл.
Целта е да се најдат силни локални партнери со кои можеме да соработуваме во Македонија, кога ќе дојдат за имплементирање на проекти. Мислам дека денеска најдовме добар избор на компании со кои ќе комуницираме и понатаму, смета Владимир Зибусески, претставник на австриската фирма „Талес“.
