Приоритетен статус на болните од рак и законски измени за поквалитетни специјализации
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција на која ги образложи законските измени...

Конзилиум на лекари, таканаречени „Тумор борд“ ќе решаваат кои болни пациенти од малигни заболувања се приоритетни за третман. Новини и за специјализантите. Ќе мора да имаат 69 часа неделно практична обука и искуства во странска болничка установа.
Станува збор за измени со кои значително ќе се подигне квалитетот на системот на специјализации, ќе се воведува систем на BSC (Balanced Scorecard) односно систем за стратешко планирање и менаџмент и избалансирано оценување на постигнувањата, поврзување на платите на директорите со критериуми и индикатори на успешност, а здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања ќе се врши согласно клиничка патека.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција на која ги образложи законските измени. Рече дека во делот на специјализациите, со измените и подигнувањето на квалитетот на целиот систем на специјализации, долгорочно ќе се овозможи унапредување на квалитетот на здравствените услуги во државата.
