Објавена програмата за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје

05.11.2014 15:23

Годинава централниот настан ќе се оддржи во објектот на Македонскиот народен театар во 19:30 часот, каде што традиционално ќе им се додели Наградата „13-Ноември“...

Над 80 настани опфаќа програмата за одбележување на 13 Ноември и 70-годишнината од ослободувањето на Скопје што денеска  ја претставија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Музеј на град Скопје, Љубица Кондијанова и раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Тања Балаќ.

Годишнината се одбележува под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“.  Ќе се одржат традиционалните настани крводарителска акција на Црвен крст, фестивалот „Златно славејче“, финални борби и доделување на Златниот гонг, „Пинг-понг градско првенство на средни училишта на Град Скопје“, Меѓународниот детски ликовен конкурс, манифестацијата Го градиме својот град, ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, а се организирани и голем број манифестации како дел од големото одбележување на овој значаен празник за граѓаните на Скопје. Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје во Македонскиот народен театар свечено ќе им бидат додели наградите  на добитниците на „13 Ноември“, а по нивното доделување во чест на добитниците ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред“, изјави Трајановски.

Годинава централниот настан ќе се оддржи во објектот на Македонскиот народен театар во 19:30 часот, каде што традиционално ќе им се додели Наградата „13-Ноември“ на Град Скопје за високи достигнувања од областа на културата и уметноста, образованието, науката и здравствена заштита. По доделувањето на  наградите, ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред“во режија на Наташа Поплавска, во која учествуваат врвни балетски и  оперски уметници и актери од Македонија - припадници на повеќе етнички заедници кои живеат во Скопје.