До 100 илјади евра поддршка за земјоделските задруги

05.11.2014 15:32

Сите земјоделски задруги впишани во регистарот на Министерството можат да ги достават своите поднесоци до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој...

До 100 илјади евра поддршка од државната каса за земјоделските задруги да ги покријат трошоците за функционирање. Сите земјоделски задруги впишани во регистарот на Министерството за земјодеслство, шумарство и водостопанство можат да ги достават своите поднесоци до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Како што потенцира порпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, тие треба да приложат определена документација, финансиски документи со кои ги потврдуваат направените трошоци, а по единица земјоделска заедница можат да се добијат до 6 милиони денари.

Во рамките на оваа помош која што тие може да ја добијат од страна на државата, тие може да претендираат за да добијат средства кои што ги имаат како издаотоци направено во процесот на основање, воспоставување на самата задруга или во процесот на самата дејност спроведувана во рамките на 2014-та година, нагласи Ѓоргиев.