Се чека дозвола од грчкиот суд за транспорт на телото на Дениса
Засега е непознато кога посмртните останки ќе бидат донесени во земјава за да можат експертите од судска медицина да го направат дополнително ДНК вештачење...

Се чека дозвола од грчкот суд за да може телото на починатата Дениса Марковска да се транспортира во Македонија, информираат од македонското Министерство за надворешни работи.
Засега е непознато кога посмртните останки ќе бидат донесени во земјава за да можат експертите од судска медицина да го направат дополнително ДНК вештачење.
Институтот за судска медицина доби овластување да направи ДНК анализа или реобдукција на телото на барање на семејството.
Со обдукцијата во Грција било потврдено дека телото е на 23 годшната Дениса која од бродот изчезна на 12- ти септември. Се уште е неизвесно како го загубила животот.
