Албанскиот историчар Кочо Данај повторно за територијата на „природна Албанија“

05.11.2014 15:43

Заговорникот на таканаречената „природна Албанија“, албанскиот историчар Кочо Данај наводно им пратил писма на владите на Македонија, Србија, Црна Гора и Грција во кои повторно бара дел од териториите на четирите земји заради обединување на Албанците...

Во денешното издание на подгоричниот весник „Ден“ објави дека Данај испратил писмо со текстот и до нивната редакција во кој се инсистира на ,,самоопределување“ на Албанците во другите земји, доколку, како што е наведено во писмото, Република Српска се одвои од БиХ и се припои кон Србија. 
 
Албанија според зборовите на Данај е единствена земја во Европа која што по должината на своите граници се има себе си, пренесува Бета.
 
Данај во своето писмо ги тешел соседите на Албанија дека тој не е за ,,голема Албанија“ туку за „природна“, а себе си се нарекува антифашист. Според неговото тврдење, меѓународната заедница која што сака мир и стабилност во регионот ги уважувала неговите идеи за обединување на сите Албанци. 
 
„Природна Албанија значи замена за оската Белград –Атина , со триаголникот Белград-Тирана- Атина, по соединувањето на Косово и со другите делови на албанските територии со матичната земја“- наведувал Данај во писмата до владите Србија, Црна Гора, Македонија и Грција.