Повторно одложен судскиот процес Канческа- Шилегов

05.11.2014 16:23

Причина за одложувањето, како што информираат од судот била дека судијката е на советување во Академијата за судии и јавни обвинители, кое трае два дена и било задолжително за судиите...

Повторно одложен судскиот процес покренат од министерката за кулртура Елизабета  Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов.

Причина за одложувањето, како што информираат од судот била дека судијката е на советување во Академијата за судии и јавни обвинители, кое трае два дена и било задолжително за судиите.

Во судот се појави само обвинетиот Шилегов. Министерката од портпаролот на СДСМ бара 11.000 евра отштета за навреда на честа и угледот.

Во тужбата било наведено дека, таа била навредена од зборовите на Шилегов, со кои барал нејзина одговорност за проектот „Скопје 2014“.

 

Наташа Гркова – Петрушевска