Финансиска поддршка за земјоделските задруги
Се што треба е земјоделските задруги да ги приложат фактурите заедно со останатата потребна документација на јавниот повик кој завршува на 12 ноември...

До 6 милиони денари финансиска поддршка може да добијат земјоделските задруги за трошоци кои ги направиле годинава. Издатоците кои се однесуваат за закуп на простории, опрема, услуги од трети лица, промоција на земјоделските продукти ќе бидат покриени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Но, и за трошоци направени по друга основа.
„Трошоци направени за плати на раководителот на земјоделската задруга или ангажирање на други надворешни стручни лица кои имаат значителна улога во работата на самата задруга, како сметководители, адвокати, нотари...“, изјави портпаролот Александар Ѓорѓиев.
Се што треба е земјоделските задруги да ги приложат фактурите заедно со останатата потребна документација на јавниот повик кој завршува на 12 ноември.
На задругата ќе и бидат надоместени средства за трошоците, но со максимален износ до 100.000 евра.
Огласот веќе беше пролонгиран, по барање на задругите, а сличен може да се очекува и наредната година.
Лука Андреев
