Тешко болните нема да чекаат за лекување!
Пациентите со рак ќе имаат приоритет за здравствени услуги, а специјалистичките испити ќе се снимаат за да нема врски. Ова се предвидува со најновите измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита...

Стручни комисии ќе го утврдуваат приоритетниот статус на болните со малигни заболувања. Откако ќе се утврди дека пациентот е болен од рак веднаш ќе биде ставен на третман, точно ќе се знае времето над кое тој неможе да чека.
„На пример ќе се определи време на чекање за преглед, време за чекање за правење дијагностичка процедура за компјутерска томографија и магнетна резонанца, време за чекање за операција од моментот на дијагностицирање до моментот на операцијата, евентуална ревизија, реоперација итн“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Измени има за полагањетоспецијалистички испит. Усното и писменото тестирање ќе биде снимано, за да нема врски.
„Мораме да изградиме систем, по завршување на специјализацијата, специјалистот да биде топ спремен, самостојно да изведува дијагностички процедури интервенции и се она за што се едуцирал за време на специјализацијата“, нагласи Тодоров.
Освен казни, за директорите на болниците ќе има и награди. Доколку две години по ред имаат успеси во работата освен менаџерот, три месеци со 10 проценти на плата ќе биде награден целиот песонал.
Овие измени поминаа на последната владина седница, за нив ќе се дебатира во наредните денови, потоа ќе бидат вратени во владата на усвојување.
Андријана Атанасовска
