Словенија од „европски пациент“ прерасна во земја со економски раст

05.11.2014 17:08

Според прогнозите на ЕК, словенечкиот БДП оваа година ќе порасне 2,4, а идната за 1,7 %...

Според вчерашниот извештај на Европската Комисија, Словенија за една година од земја во длабока рецесија се претвори во земја со висок економски раст. Сепак економистите предупредуваат дека се уште постојат ризици тој да се одржи- анализираат словенечките медиуми.

Според прогнозите на ЕК, словенечкиот БДП оваа година ќе порасне 2,4, а идната за 1,7 % што е подобро од прогнозите на словенечката Влада и на институциите. За да го одржи растот и да се приближи до оној на ЕУ, Словенија мора да продолжи со структурните реформи и со фискална стабилизација.