Потребна е реална слика за европската иднина на балканските земји

05.11.2014 17:30

Ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите- членки дека обединувањето на Балканот не значи повеќе проблеми, туку природно интегрирање и поголема сигурност за обединета Европа...

Во следните пет години ќе треба да се работи на подигнување на довербата во земјите- членки дека обединувањето на Балканот не значи повеќе проблеми, туку природно интегрирање и поголема сигурност за обединета Европа. Ова е заклучокот од Министерска конференција за Југоисточна Европа во Берлин организиран од институтот „Аспен“ .

Учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Попоски, на покана на германскиот колега Франк-Валтер Штајнмајер и британскиот министер Филип Хамонд. Истакна дека, шестата препорака и извештајот за напредок се поттик повеќе за посветеност на реформите.

Освен министри учествуваа и евро- пратеници, дипломати и експерти. Констатираа дека за граѓаните во балканските земји мора да се понуди реална слика за европската иднина. Најзначаен аспект останува економскиот развој.