Ревизија: ЕУ да внимава со расипништвото!

05.11.2014 17:37

Главниот ревизор го предупреди Брисел подобро да си ги контролира средствата...

Европската Унија да повнимава на расипништвото – во ветер и магла отишле 7 милијарди евра од ланскиот буџет тежок 148,5 милијарди.

Главниот ревизор го предупреди Брисел подобро да си ги контролира средствата.

Неколку примери – сардиниски фармер добил пари за некористење штетни инсектициди иако користел, а шпанските хеликоптери исполниле само четвртина од задачата за надзор на европските граници.