Добрососедството дава резултати

28.12.2013 15:47

Две полиции од соседни земји ...

Две полиции од  соседни земји во иста канцеларија. Ќе разменуваат информации, ќе го превенираат криминалот, заеднички ќе ги откриваат мигрантите и лажните азиланти, на граничниот премин Табановце отворен полицискиот контакт центар на Македонија и Србија. Премиерот и министер за внатрешни Ивица Дачиќ и министерката Јанкуловска задоволни од соработката - крајната цел на двете држави Европската Унија. тоа што како проблем се наметнува се лажните азиланти и илегалните мигранти.

Западноевропските држави имаат поповолни услови за азилантите отколку што кај нас се просечните плати. Тие не разбираат дека не се во прашање човековите права туку економската сметка. Неколку месеци ќе престојуваат азилантите во тие држави , ќе земат пари и ќе се вратат или ќе продолжат изјави премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.

Табановце е еден од најфреквентните премини- вели Јанкуловска. Тука двете држави се соочуваат со проблемот на илегалните мигранти кои најчесто транзитираат,

Најголемиот дел од илегалните мигранти кои ги таргетираат и Македонија и Србија доаѓаат од нашиот јужен сосед Грција – констатира македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Отворањето на контакт центарот двајцата министри го искористија и за потпишување на уште еден договор.  Протокол за соработка за време на туристичката сезона.

 

Миле A. Ристески