Здрава бременост – Facebook страна од Министерството за здравство за медицински консултации и совети
06.11.2014 09:02
Facebook страната е активна од вчера, а почнувајќи од денес по еден доктор-гинеколог на дневна основа ќе одговара на прашања кои ќе бидат поставувани во текот на денот...

Министерството за здравство креираше нова Facebook страна за медицински консултации и совети за здрава бременост. Facebook страната е активна од вчера, а почнувајќи од денес по еден доктор-гинеколог на дневна основа ќе одговара на прашања кои ќе бидат поставувани во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења со идните родители.
Во периодот после 19 часот денеска на сите прашања ќе одговора д-р Марија Хаџи Лега, директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а во следните денови и д-р Весна Ливринова, д-р Горан Кочоски, д-р Ана Данева, д-р Иво Ќаев, д-р Роса Спасова, д-р Катерина Маџункова, д-р Ирена Тодоровска, д-р Корнелија Трајкова, д-р Миле Тантуровски, д-р Арта Бина и д-р Габриела Бушиновска.
Прашањата се поставуваат во коментар или во приватна порака на Facebook страната, а одговорот се добива во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на јавноста.
