Се подобрува инфраструктурата во селските средини

06.11.2014 10:08

Со пари од државата се подржува развојот на селските средини. Само за оваа година од инфраструктурата се реализирани 24 проекти...

Годинава од Програмата за рурален развој се реализирани 14 проекти за изградба на патишта, водоснабдителни и одводни системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на животот и 6 за унапредување на традиционалните вредности.

Со програмата се изградени и 60 селски улици и плоштади во повеќе општини.

Остануваат да се довршат уште 43 водоводи и 70 патишта.

За зачувување на традиционалните вредности ќе се финансира вкупно 21 проект, а изградени се неколку манастирски патишта, излетничкото место во Конче, и неколку рекреативно- културни локалитети во Скопско.

 

Методија Трајков