Пристигна првата пратка нови товарни вагони за МЖ Транспорт

06.11.2014 10:21

Најавените 150, треба да пристигнат во првата половина на јануари. Набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра...

Првата пратка со товарни вагони, што за „Македонски Железници Транспорт“ ги произведе словачката компанија „ЖОС Трнава“, пристигнаа во Скопје.

Најавените 150, треба да пристигнат во првата половина на јануари. Набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра.

Со оваа инвестиција „МЖ Транспорт“ ќе го обнови возниот парк со 75 отворени вагони, и исто толку плато-вагони.

Во полн ек е и реконструкцијата на скопската Железничка станица, која според најавите би требало да заврши до 15-ти април идната година.