Кампањата за здрава исхрана им помага на земјоделците во продажбата

06.11.2014 10:30

Владината кампања за здрава храна и здрав начин на живот им помага на земјоделците во продажбата на произведените производи. Ако производот е пак од еколошки чиста средина тогаш патот до купувачот е уште полесен...

Со трисестина видови јадења подготвени од компир се понудија гостите на петата Компиријада во село Горно Јаболчиште. Нутреционистите велат за поздарв живот јадете  варен копир, а мештаните пак препорачуваат печен под вршник.

Годинава околи 400 тони компири произвеле тукашните земјоделци. Купувачи има, а кампањата за здрава храна им помогнала во продажба на шарениот грав.

„Компирите се од планината Јакупица на надморска висината од 1.200 метри и таму се произведуваат најубавите компири и за печење и за варење.“

„Оваа сорта на грав јас ја паметам од пред 20 години, се раѓа само овде и многу е вкусен, еколошка здрава храна што викаме“, велат анкетираните земјоделци.

Близината на шумата им оди во прилог на мештаните. Покрај разновидни лековити тревки тие собираат и шумски плодови.

„Тон и нешто собираме печурки за работа, ги продаваме во Белгија но ги работиме тука имаме машина и сушара“, велат земјоделците.

Селото Горно Јаболчиште е едно од ретките каде природниот прираст е високо над државниот просек. Земјоделието и сточарството се двете гранки кои ги обединува предзнакот еколошки.

„Хемиски препарати или такви некој работи не се користат, а еколошкото нешто е тоа што ќе треба и во иднина, како што рековме, не само во нашата држава туку и пошироко, а по тоа ние ќе бидеме препознатливи како општина“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.

Со одбележивањето на планинските патеки, жителите од Јаболчиште велат, се подотвара вратата за развој на алтернативниот туризам.

 

Дијана Иванова