Случајот „Дениса“ заглави во Грчкиот бирократски лавиринт

06.11.2014 11:15

Согласно грчките закони, дозвола издава локалниот суд, секогаш кога има починато лице кое е странски државјанин, а телото не е погребано повеќе од 30 дена...

Телото на Дениса Маркоска, од Грција треба да пристигне во земјава. Транспортот е заглавен во грчкиот бирократски систем. Се чека, судот на Родос да издаде дозвола, за да можат посмртните останки да се пренесат во скопскиот Институт за судска медицина.

Согласно грчките закони, дозвола издава локалниот суд, секогаш кога има починато лице кое е странски државјанин, а телото не е погребано повеќе од 30 дена.

Институтот за судска медицина ќе прави нова обдукција и ДНК анализа на телото на 23-годишната прилепчанка, која беше пронајдена мртва во водите на Егејско Море.

Трагичниот настан се случи на 12-ти септември, кога Дениса исчезна од бродот „Серенисима“, на кој што работела, додека пловеле во водите на Егејско Море.

Нејзиното тело беше пронајдено две недели подоцна. ДНК анализата што ја направија грчките власти е 99,9 проценти сигурна дека пронајденото тело е на девојката.

Се уште е неизвесно, како Дениса го загубила животот.