Двајца тинејџери убиени во бомбашки напад во Доњецк

06.11.2014 11:20

Украинските власти го осудија бомбардирањето и апелираа до ОБСЕ да испрати набљудувачи на местото на злочинот...

Во бомбашки напад убиени се двајца тинејџери додека играле фудбал пред училиште во близина на аеродромот во Доњецк.

Украинските власти го осудија бомбардирањето и апелираа до ОБСЕ да испрати набљудувачи на местото на злочинот.

Нападот следи откако властите соопштија дека подготвуваат контра-офанзива против проруските бунтовници на истокот на Украина каде повеќе од четири илјади луѓе загинаа од почетокот на немирите.