Сеуште нема одговор за исчезнатите суденти и наставници во Мексико

06.11.2014 11:22

Студентите исчезнаа во градот Игуала во државата Гереро пред месец и половина...

Десетици илјади луѓе маршираа во Мексико Сити. Бараат одговори за судбината на 43-цата исчезнати студенти и наставници за кои властите стравуваат дека се масакрирани од страна на полицијата која соработувала со членови на банди. Студентите исчезнаа во градот Игуала во државата Гереро пред месец и половина.

Десетици полицајци и градоначалникот на градот се уапсени во врска со случајот кој го шокираше Мексико. Насилството ги засени напорите на претседателот Енрике Пена Нието да го фокусира вниманието на јавноста на економски реформи.