19-годишен Македонец исчезна во Мелбурн
06.11.2014 11:33
Родителите на Петар се загрижени поради тоа што момчето има аутизам. Полицијата и денеска продолжи во потрага по тинајџерот...

Синоќа околу 21 часот во северните предградија во Мелбурн во населбата Резерво исчезна 19-годишниот Петар Чагорски.
Родителите на Петар се загрижени поради тоа што момчето има аутизам. Полицијата и денеска продолжи во потрага по тинајџерот.
Во потрагата се вклучија и специјалните единици од Викториската држава и се фокусирани околу месноста каде се наоѓа стадионот на Престон Македонија.
Се верува дека Петар не поседува мобилен телефон, карта за патување за воз и паричник.
